Катарците повлекуваат радикален чекор, Мбапе нема да смее да стапне на „Паркот на Принцовите“?!

by
1 минути читање

Килијан Мбапе е решен да не ја продолжи соработката со ПСЖ, ниту пак да направи трансфер, сака само да ја одработи последната година од договорот.

Ова сценарио е погубно за „светците“ и ќе има големи финансиски импликации, па клубот е подготвен на радикални чекори за да извршат притисок и да го натераат напаѓачот да си оди ова лето.

Претходно се пишуваше дека Килијан Мбапе нема да одигра ниту една минута доколку остане, а новинарот Жулиан Лоран сега објави дека сопствениците од Катар ќе одат и чекор понапред, на голгетерот ќе му биде забранет влез на „Паркот на Принцови“.

При едно вакво сценарио, Килијан Мбапе нема да може да седи ниту на клупа, ниту на трибини.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани