Катарците не се откажуваат од Манчестер јунајтед, надвор од процедурата доставиле „земи или остави“ понуда

by
1 минути читање

Пред повеќе од две недели, Шеикот Јасин и Сер Џим Ретклиф доставија понуди за превземање на Манчестер јунајтед и тие требаше да бидат финални.

Но откако почнаа да кружат гласини дека семејството Глејзер го преферира предлогот на Сер Џим Ретклиф, Катарците надвор од процедурата доставиле нова подобрена „земи или остави“ понуда.

Се верува дека предлогот е вреден околу 5,5 милијарди фунти во кој е вклучено и чистење на долгот од околу 1 милијарди фунти како и посебен фонд за клубот и околните општини.

Понудата на Шеикот Јасим бин Хамад бин Калифа Ал Тани е за 100% од сопственоста на клубот.

Останува да се види каква ќе биде одлуката, Сер Џим Ретклиф предлага да купи мнозински пакет и да им даде шанса на браќата Аврам и Џоел Глејзер да задржат дел од сопственоста.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×