Касиљас со задоцнување ги доби пивата од Меси па порача: Никогаш после тоа не ми даде гол! (ФОТО)

by
1 минути читање

Лео Меси против Ваљадолид го постигна 644 гол за Барселона со што го помина Пеле и стана рекордер во постигнати погодоци за еден ист тим.

Спонзорт на напаѓачот, „Бадвајзер“ смисли одлична промоција и акција, па сите голмани кои примиле гол од Лео Mеси добија пиво со специјална амбалажа.

Иако ова се случуваше пред повеќе од месец ипол, Икер Касиљас дури денеска се огласи на социјалните мрежи.

„Мислев дека нема да пристигнат! Но еве го моето персонализирано пиво. Честитки Меси за рекордот од 644 погодоци“ – легендата на Реал Мадрид напиша на Твитер.

„Паметам кога ги постигна погодоците број 264 и 265 против мене… одличен натпревар, извонредно реми, и што е најдобро од се, никогаш после тоа не ми даде гол“.

Икер Касиљас доби речиси една гајба, Шпанецот има примено дури 17 погодоци од Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани