102
29-годишниот фудбалер е слободен играч и како таков може да потпише и надвор од преодниот рок.
Касерес ги помина медицинските прегледи во Милан и кога се очекуваше да потпише, ангажманот пропадна поради неуспехот да се договорат личните услови.
Сега Касерес е во Англија и медиумите велат дека денеска е на лекарски прегледи со Саутемптон.
Доколку успешно ги мине лекарските прегледи се верува дека Саутемптон ќе ги исполните неговите барања за плата и ќе потпише со уругвајскиот фудбалер.