Касерес ги помина лекарските прегледи, проблем сега е платата

by
1 минути читање

„Росонерите“
одлучија со Мартин Касерес да ја пополнат дупката во одбраната која настана по
повредите на Матија Де Шиљо, Давиде Калабрија и Лука Антонели.

Уругваецот е надвор од терените една година, односно откако се повреди на 2. февруари 2016 во дресот на
Јувентус, па се веруваше дека најголем проблем ќе бидат медицинските прегледи.

Врз играчот вчера
беа извршени серија тестови, неколку специјалисти го прегледаа Мартин Касерес и
на крајот дадоа зелено светло.

Но сега настана
нов проблем, двете страни имаат несогласување околу платата.

Се говори дека
Милан на дефанзивецот му понудил 400.000 евра, а играчот побарал двојно повеќе,
односно помеѓу 800.000 евра и еден милион за до крајот на јуни.

Останува да се
види дали Милан и Мартин Касерес ќе успеат да најдат компромис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани