Касемиро пристигна на Олд Трафорд: Не го одбрав Манчестер јунајтед поради парите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Касемиро е веќе во Англија, фудбалерот од средниот ред утрово се збогува со Реал на церемонија во Мадрид, и само неколку часа подоцна, пристигна на Олд Трафорд, каде беше пречекан од голем број на навивачи.

Се говори дека Бразилецот ќе биде промовиран како ново засилување на „ѓаволите“ пред големото дерби против Ливерпул.

Кога на средбата со новинарите беше запрашан за платата која му била понудена од Манчестер јунајтед (се шпекулираше дека ќе заработува околу 350.000 фунти неделно или речиси двојно повеќе), тој рече: „Оние кои мислат дека заминувам поради парите, не ме познаваат“.

„Не се селам во Манчестер јунајтед поради пари, тие што го мислат ова грешат“.

„Манчестер јунајтед е најголемиот клуб во светот, и може да се носи со величината на Реал Мадрид, иако во овој момент резултатите покажуваат нешто друго“.

„Чувствував дека мојата етапа во Реал е завршена, ми требаше промена, ми требаше нов предизвик, нов клуб, нова земја, нова култура“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×