Касемиро добил повик од Манчестер јунајтед, но им кажал дека имаат погрешен број и им затворил

by
0 минути читање

Касемиро добил телефонски повик од Манчестер јунајтед, но им кажал дека имаат погрешен број и им затворил. 

Лука Модриќ и Тони Крос му рекле на раководството на клубот дека ќе го заврзат Касемиро на шипка во тренинг центарот доколку планираат да го продадат.

Модриќ, Крос и Касемиро низ годините формираа неразделно трио во средниот ред на Реал Мадрид кое функционира беспрекорно.

Касемиро е еден од столбовите во плановите на Карло Анчелоти и италијанскиот стратег нема шанси да се откаже од него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×