Касано: Во Реал Мадрид се здебелив 14 кила јадејќи Нутела директно од тегла

by
1 минути читање

Антонио Касано во Реал Мадрид пристигна како сериозно засилување од Рома, добро почна, но потоа се скара со Капело и по извесно време беше вратен во Италија.

„Кога дојдов во Реал Мадрид, брзо загубив 12 килограми. Потоа повторно ги вратив. Нутела беше еден од клупските спонзори и секој месец ни даваа по пет кила Нутела“, вели Касано.

„Кога Капело дојде во летото 2006, дадов два гола на првите два меча и се чувствував како крал на светот“.

„Против Лион тој ме замени на полувремето и се скарав со него. Ме исфрли од тимот. Потоа за седум месеци се здебелив 14 килограми, јадев Нутела директно од тегла и не ми беше грижа за ништо. Бев одвратен“.

„Моја голема грешка беше што во Реал Мадрид за година и пол направив се што можев за да си го уништам престојот таму. Многу жалам за тоа“.

„Јас сум најголемиот талент во изминатите години кои успеа да си ја уништи кариерата. Лудиот генијалец кој ги кршеше правилата, премногу пат ја поминав границата“.

„Не ја искористив шансата која ја добив во најголемиот клуб во историјата на 23 години да играм со фудбалери како Зидан и Роналдо“.

„Кога нема да го испочитувате Капело, тој ќе ве отстрани од тимот. Ми даде и уште еднаш шанса после сето тоа. Направи многу за мене, но јас малку му вратив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×