Касано со порака до Конте: Ги доби играчите што ги побара, ќе биде катастрофа ако Милан со вложени 1,5 милиони стигне до Скудетото

by
1 минути читање

Милан и Интер се
обидуваат да ја прекинат доминацијата на Јувентус во Серија А, „росонерите“ во
моментов се лидери на табелата а „нероаѕурите“ се втори со два бода помалку.

Во разговор со Кристијан
Виери во емисијата Бобо ТВ на Твич, Антонио Касано вели дека Антонио Конте мора
да ја испорача титулата.

„Клубот ги донесе
играчите кои ги побара Антонио Конте, па тој е обврзан да донесе успех. Интер
беше елиминиран од Лигата на шампиони, па замислите колку голем неуспех ќе биде
доколку не го освојат Скудетото“
– вели Антонио Касано.

„Милан потроши
1,5 милиони евра за да го изгради тимот и имаат неверојатна сезона. Доколку
„росонерите“ стигнат до титулата, тоа ќе биде катастрофа за Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани