Интервјуто на Кристијано Роналдо, односно исечоците кои беа објавувани изминативе денови се топ тема во светот на фудбалот.
Со своите изјави, Португалецот ја подели јавноста, од една страна добива поддршка, од друга критики.
Во оваа втората група се најде и Антонио Касано, кој го советува Португалецот да го напушти фудбалот на голема врата по настапот на Светското првенство.
„Роналдо нема храброст да признае дека речиси три години не е оној стариот. Требаше оваа година да се пресели во Спортинг и потоа да стави крај на кариерата по Светското првенство. Тој е проблем за тренерите, ги става на мака соиграчите. Дури и не му се јави на Карим Бензема да му честита за „Златната топка““ – вели Антонио Касано.
„За мене Роналдо е слепец кој мисли дека може да игра до 50 години. Драг Роналдо, ќе те советувам една работа, заврши на голема врата по Светското првенство. Не може да има нови испади и не може да мисли дека може да продолжи да игра на највисоко ниво. Тој има толку големо его, но не е тип на фудбалер како Меси, кој може да игра фудбал додека седи“.
„Не може физички повеќе да се носи… уште еднаш потврдува дека неговата себичност е на прво место“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.