Карвахал го фати за гуша третиот голман на Барса, младото момче збесна? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона синоќа во драматична завршница стигна до победа над Реал Мадрид во Ла Лига. Гостите мислеа дека водат со 1-2 откако Марко Асенсио ја затресе мрежата во 81. минута, но ВАР и милиметарски офсајд им го расипа славјето. За болката да биде поголема, Кеси во втората минута од судиското надополнување погоди за 2-1 и триумф на „каталонците“.

Емоциите беа големи, па по последниот свиреж на судијата, Дани Карвахал влезе во расправија со третиот голман на Барса, Арнау Тенас и го фати за гуша.

Младото момче збесна и тргна да се тепа, но за среќа притрчаа Алба, Ридигер, Араухо и неколку други и го задржаа Арнау Тенас да не направи поголем инцидент.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×