Кардиф и Нант во јануари 2019 година го договорија трансферот на Емилијано Сала за сума од 17,7 милиони евра. Но Аргентинецот загина во авионска несреќа на пат од Франција до Велс.
ФИФА му наложи на Карфид фа ја плати првата рата од трансферот која изнесува шест милиони евра, но велшкиот клуб одбиваше да го направи тоа и правдата ја бараше на судот за Спортска арбитража во Лозана.
Сепак и тие пресудија во полза на Нант, па Кардиф ќе мора да плати шест милиони евра иако фудбалерот никогаш не заигра за нив.
„Судот за спортска арбитража утврди дека трансферот на фудбалерот од Нант во Кардиф бил завршен, исполнети се сите услови наведени во договорот пред смртта на играчот. Нант треба да добие шест милиони евра од ратата од трансферот“, стои во соопштението на судот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.