Во првиот
натпревар по отказот на Клаудио Раниери, Лестер потсети на шампионските партии од
минатата сезона и
славеа со 3-1 против Ливерпул.
Џејми Карагер
вели дека „Лисиците“ биле брилијантни, но тој е разочаран што играчите
прикажале голема мотивација и борбеност откако си заминал Клаудио Раниери.
„Лестер беше брилијантен, апсолутно одличен вечерва” – вели Карагер.
„Победија
благодарејќи на големата борбеност, неуморно го бркаа противникот. Триумфот
нема никаква врска со добра тактика, тоа е нешто што доаѓа од самите играчи”.
„На теренот
видовме навистина посветен тим, па треба да се постават одредени прашања”.
„Долго време
гледам фудбал, и никогаш не сум видел натпревар на кој играчите од двата тима
треба да се засрамат”.
„Ливерпул поради
тоа колку лошо одигра, а Лестер поради тоа како одеднаш прикажа солидна партија
по серија лоши игри благодарејќи на вложен труд и максимална посветеност”.
Легендата на „Црвените“ исто така имаше и големи забелешки за играта на неговиот поранешен
клуб
„Ливерпул беше шокантен вечерва. Слично како на
дуелите со Барнли и Хал”.
„На пат се да
примат 50 голови оваа сезона”.
„Нема шанси да
освоите трофеј доколку примате толку многу погодоци, невозможно е да го сторите
тоа”.