Карагер со Севен ап пред мечот помеѓу Челси и Дортмунд се насладуваше на историската победа на Ливерпул (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Џејми Карагер
вечерва работеше како стручен коментатор на СиБиЕс и преносот на натпреварот помеѓу Челси и Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони, поранешниот дефанзивец ја искористи оваа ситуација за да продолжи
да се насладува на историската победа на Ливерпул од 7-0 против лутиот ривал
Манчестер јунајтед.

Легендата на
„црвените“ пред себе во студиото имаше сок
7up (Севен ап) а и често во комуникацијата со Петер
Шмајхел го користеше бројот 7.

Отвори со тоа
дека денеска е 7. март, па продолжи со цената на Џуд Белингем која сигурно ќе почнува
со 7 (најмалку 70 милиони фунти), за да заврши со потсетување дека утре Тотнем
го пречекува Милан, кој има 7 титули во Лигата на шампиони.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×