Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер зборуваше за Манчестер Јунајтед и неговите настапи.
По ремоти на „ѓаволите“ против Реал Сосиедад (1-1) во Сан Себастијан, поранешниот дефанзивец сериозно го критикува овој тим. Според него, ова е најлошиот Јунајтед во неговиот живот.
„Ова е најлошиот Манчестер Јуинајтед кој сум го видел!
Најмалку што можеше да се очекува со доаѓањето на Аморим е дека тимот ќе изгледа подобро отколку под водство на Тен Хаг, а тоа не се случи. Играчите не реагираа најдобро на новите методи. Има ли еден играч кој изгледа подобро отколку што тоа беше случај во времето на Тен Хаг? Во еден од најголемите клубови на светот или растеш или умираш, а Аморим моментално тлее. Навивачите се целосно во право“, изјави Карагер.
Манчестер Јунајтед во Премиер лигата има 33 бода на 14. позиција, а во Лигата на Европа се бори за четвртфинале.