69
На денешниот меч против Ливерпул во Комјунити Шилд, Ерлинг Халанд имаше две големи промашувања, особено второто кога од непосредна близина успеа да го префрли целиот гол.
Социјалните мрежи се преполни со шеги на сметка на Халанд, многумина го исмејуваат Норвежанецот.
Пред неколку дена истото се случуваше и со Дарвин Нуњез кој денеска даде гол и ја завери победата на Ливерпул.
„Компилации со заебанции за Халанд оваа недела ќе бидат насекаде по тоа промашување, исто како што беа за Нуњез минатата недела. Од кловновите кои никогаш не шутнале топка во нивните животи“, напиша Карагер на социјалните мрежи.