Поранешните англиски репрезентативци и актуелни фудбалски аналитичари на „Скај Спортс“, Џејми Карагер и Гери Невил, станаа мета на потсмев поради нивните неточни прогнози за исходот на актуелната сезона во Премиер лигата.
Нивните предвидувања, дадени пред почетокот на шампионатот, се покажаа како целосно промашени. Карагер беше убеден дека Манчестер јунајтед ќе заврши меѓу првите пет екипи, додека Невил, кој важи за лојален навивач на клубот, сметаше дека „црвените ѓаволи“ ќе бидат трети. Реалноста, сепак, е далеку поинаква – тимот од „Олд Трафорд“ моментно се наоѓа на разочарувачката 14. позиција на табелата.
Карагер дополнително промаши и со прогнозата дека Нотингем форест ќе испадне од елитата, а тимот сега е во трка за место во Лигата на шампионите.
Невил не беше поуспешен ниту кога станува збор за Ливерпул, најави петто место за тимот од „Енфилд“, веќе ја обезбеди титулата, и тоа четири кола пред крајот на сезоната.
Фото: Принскрин/YouTube