Карагер ги критикуваше трансферите на Тен Хаг и откри: Клоп не го сакаше Сахал, инсистираше да биде купен друг играч

by
1 минути читање

Тренерите често
бараат да имаат голема улога при трансферите, одредени имиња сакаат целосна
контрола. Легендарниот Џејми Карагер смета дека ова е погрешно, и како пример
ја даде ситуацијата кога Јирген Клоп кажал НЕ за ангажман на Мохамед Салах, и побарал
да биде купен Јулијан Бранд, кој тогаш настапуваше во Баер Леверкузен.

Раководстовото на
„црвените“ сепак го имало последниот збор, долго време го следеле Египјанецот и
биле убедени дека тој е правиот избор. Мохамед Салах блесна на Енфилд, па слободно може да се каже дека повлекле
исправен потег.

„Кога Клоп
пристигна во Ливерпул, не сакаше да го ангажира Мохамед Салах, на ум имаше друг
играч, го бараше Јулијан Бранд“
– вели Џејми Карагер.

„Ливерпул се
обидуваше да го купи Салах уште пред тој да се пресели во Челси, и луѓето зад
цената на Енфилд продолжија да ги следат неговите настапи“.

„Тие беа убедени
дека тој е прав избор па го купија и покрај тоа што Клоп инсистираше на друг играч“.

„Погледнете што
направи Мохамед Салах во Ливерпул, но лесно можеше да има сосема поинаква
приказна“.

„Мислам дека е
погрешен пристапот да се купи секој играч што тренерот ќе го побара. Во исто
време, не треба да му се наметнуваат играчи на тренерот“.

„Според мене,
тренерот не смее да има одврзани раце и да прави што сака. Погледнете што се
случува во Манчестер јунајтед, тоа е загрижувачки. Се чини дека Тен Хаг го
купи секој фудбалер што го познава“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×