Капитенот признава: Разочарувачки е, ова не е Ливерпул!

by 24 фудбал
1 минути читање

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, отворено призна дека сезоната е под секое ниво за англискиот гигант.

„Црвените“ го запишаа 18-тиот пораз во сите натпреварувања, откако на гостувањето кај Манчестер Јунајтед на „Олд трафорд“ загубија со 3-2.

Ова беше многу разочарувачка сезона, неприфатлива сезона и тешка. Не треба да се сожалуваме себеси, мора да работиме и да го свртиме ова и да се погрижиме следната сезона да не се случуваат вакви работи. Ова не е Ливерпул“, изјави Ван Дајк.

Тимот од „Енфилд“ моментално се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата со 58 бода и сè уште нема обезбедено пласман во Лигата на шампионите, што дополнително ја нагласува неуспешната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×