126
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, донел конечна одлука и покрај вртоглавата финансиска понуда од Ал Хилал, Португалецот не сака да ја напушти Европа!
Според најновите информации, Саудијците биле подготвени да му понудат договор што би го направил еден од најплатените фудбалери во светот, но Фернандеш јасно ставил до знаење дека неговата амбиција е да продолжи да настапува на највисоко ниво.
„Сакам да играм на најдобрата фудбалска сцена во светот“, бил ставот на креативецот од средниот ред.
И покрај тешката сезона на „Олд Трафорд“, Бруно останува посветен на „црвените ѓаволи“ и сака да биде дел од проектот на новиот Јунајтед.