Капитенот на Ливерпул со трогателна порака и емотивно ветување до семејството на Диого Жота

by bojan
1 минути читање

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е скршен од болга по трагичната смрт на Диого Жота и порача дека секогаш ќе бидат тука за семејството на Португалецот.

Светот на фудбалот е во шок по вестите за смртта на Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул и неговиот брат Андре починаа во раните утрински часови по сообраќајна несреќа во Шпанија.

Капитенот на „црвените“, Вирџил ван Дајк вечерва се огласи на социјалните мрежи со трогателна порака и ветување до семејството на Португалецот.

„Човеку, не можам да поверувам, не сакам да поверувам. Апсолутно сум скршен и во целосна неверица. Каков човек, каков играч, но најважно – каков неверојатен сопруг и татко“ – пишува Холанѓанецот.

„Толку многу значеше за сите нас и секогаш ќе значиш! За едно семејство да изгуби два сина, сопруг и татко – просто тоа е незамисливо. Толку сурово и неправедно. Ми се крши срцето за целото твое прекрасно семејство, за Руте и децата“.

„Ветувам дека во овие тешки времиња, и понатаму, секогаш ќе бидеме тука за твоето семејство“.

„Засекогаш шампион, засекогаш број 20. Беше привилегија да играм покрај тебе на теренот и да ти бидам пријател надвор од него“.

„Ќе ни недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да опишат и никогаш нема да те заборавиме. Твоето наследство ќе живее понатаму – ние ќе се погрижиме за тоа!

„Почивај во совршен мир, Диого и Андре“.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×