Хари Мегваер е
слободен човек, барем за сега. Капитенот на Манчестер јунајтед денеска се
појави на суд на островот Сирос и по крајот на рочиштето, обвинителот кратко
изјави дека Англичанецот е пуштен на слобода и ако сака може да се врати во
Велика Британија.
Дефанзивецот не
беше расположен за коментари кога го напушти судот и одби да одговори дали се
изјаснил за виновен и дали се извинил за инцидентот на Миконос.
Според пишувањата
на локалните медиуми, Хари Мегваер збеснал кога видел како тече крв од раката
на неговата сестра, која била прободена со остар објект и адвокатите околу ова
ќе ја градат одбраната.
Она што почнало
како турканица во еден бар на Миконос, за кратко време на улица прераснала во
тепачка помеѓу Мегваер, неговите пријатели, ривалски фанови и полицајци, кои
вршеле контрола во близина и веднаш притрчале да ги разделат двете страни.
Полицијата вчера
објави повеќе детали за инцидентот и откри дека фудбалерот и неговите пријатели
ги навредувале, пцуеле и истепале полицајците и тоа во два наврати, за на крај
да им понудат мито.
Во продолжение
видеото за кое се вели дека е од инцидентот:
Allegedly a video of the skipper of @ManUtd on holiday. @HarryMaguire93 pic.twitter.com/No79m6ZDgG
— Life is a dream and I am living it! (@ShaunDavies8) August 22, 2020