170
Азар дојде како огромно засилување за Реал Мадрид, но не го покажа тоа што се очекуваше од него. Белгиецот страдаше од повреди, одигра 16 меча во Примера, 21 во сите натпреварувања и постигна само еден гол.
Фабио Капело кој на двапати беше тренер на Реал Мадрид, даде свое мислење за Азар.
„Тој не беше играчот кој го гледавме во Челси, беше повреден и не можеше да се адаптира“, вели Капело за Марка.
„Отсекогаш го гледав како голем фудбалер, но дресот на Реал Мадрид е тежок и Азар потона во него оваа година. Јасно е дека следната сезона ќе биде подобар“.