Камавинга се повреди на тренинг на Франција при еден дуел со Усман Дембеле. Веднаш во болка падна на тревата и му беше укажана медицинска помош.
Првичните тестови не покажаа ништо страшно и се мислеше дека тој ќе може да продолжи, но откако видоа дека работата е посериозна одлучија да го вратат во Мадрид.
Во Мадрид ќе му бидат извршени тестови по кои точно ќе се знае за што точно се работи и колку долго ќе му биде потребно за да се врати на теренот.
Најлошото е исфрлено, нема повреда на лигаменти или тетива, Французите велат дека се работи за истегнување, но ниту тоа не било наивно, па ќе мора да паузира околу осум недели. Тоа би значело дека ќе се врати на почетокот од наредната година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.