Каљари го најави Раниери како нов тренер со една позната негова фраза од Лестер (ФОТО)

by
1 минути читање

Тие објавија слика од традиционално ѕвоно од Сардинија и на него пишува „Дилидин Дилидон“.

Тоа се зборови на Раниери кои ги кажа на една прес-конференција како тренер на Лестер кога прашал како ги разбудил неговите фудбалери. Во Англија беше преведено како: „Дили Динг, Дили Донг“.

71-годишниот Раниери потпиша договор со Каљари до јуни 2025 година. Неговата цел е да го врати славниот тим во Серија А.

Раниери беше тренер на Каљари пред 34 години, тогаш од Серија Ц ги однесе во Серија А.

Каљари во моментов е на 14. место во Серија Б, амбициите се високи, резултатите под водство на Фабио Ливерани беа разочарувачки, па затоа дојде до тренерска смена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×