Какво непочитување: Винисиус го опцул Алонсо! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Винисиус важеше за голем провокатор и проблематичен фудбалер кога се гостинските фудбалери и навивачи во прашање, но сега удри и по своите.

Кога Алонсо реши да го извади од игра тој беснееше и замина директно во соблекувалната.

Шпанските медиуми сега објаснуваат што му рекол тој на Алонсо.

„Јас, Мистер, јас? Оди е*и се! Секогаш јас… Си одам од овој тим, си одам“, викал Бразилецот додека Чаби Алонсо само кратко возвратил: „Ајде, Вини, по ѓаволите“.

Алонсо најави дека ќе разговара со Винисиус.

„Да се фокусираме на убавите работи. Одигравме одлично и Вини беше голем дел од тоа, тој одигра многу добро. Ќе зборуваме за неговата реакција, секако дека ќе зборуваме, ќе го направиме тоа приватно. Сега сакам да се фокусирам на другите работи“, рече Алонсо.

Доколку ваков испад на фудбалер се случеше кон некој тренер од старата школа како Сер Алекс Фергусон, тоа ќе беше и последен натпревар за Винисиус, останува да видиме каков ќе биде неговиот однос понатаму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×