„Какви големи проекти, да не се лажеме, во Кина и Саудиска Арабија сите одиме за пари!“

by
2 минути читање

Витсел го фати кинескиот бран, во сезоната 2017/18 играше за Тијанин Канџијан и беше една од многуте ѕвезди кои тогаш отидоа во Кина како што беа Оскар, Карлос Тевез, Паулињо, Хулк, Маруан Фелаини… 

Тогаш Кинезите фрлаа луди пари, сега тоа го прават Саудијците каде многу ѕвезди решија да се преселат.

Витсел искрено кажа дека сите фудбалери кои се селат во Кина или Саудиска Арабија тоа го прават само за пари и ништо друго, кога велат дека им се допаднал некој проект, лажат.

„Да не се лажеме, во Кина и Саудиска Арабија одиме само за пари. Немојте да лажете, дека трансферите се од друга причина. Какви црни големи проекти и слично. Смешно е да говорите дека сте заминале поради проектот кој ви се допаднал“, рече Витсел.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

@2024 – Сите права задржани