Каква приказна: Во 2023 го загуби видот на едното око, но не се откажа од фудбалот и сега игра на СКП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Георги Минунгу е едно од најневообичаените имиња на Светското клупско првенство – не поради голови или атракции, туку поради неверојатната приказна што стои зад неговото присуство на големата сцена.

22-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска е фудбалер на Сиетл Саундерс, клуб за кој во моментов настапува на СП во САД, иако пред само две години неговата кариера висеше на конец. За време на подготовките во Шпанија, му беше дијагностицирана сериозна инфекција на левото око состојба што доведе до целосно губење на видот на тоа око.

Наместо да се повлече, Минунгу се крена и продолжи да тренира уште посилно, уште попосветено. Во 2024 година доби договор со првиот тим на Сиетл до 2028 година, со можност за продолжување, и го исполни својот сон.

Денес зад неговото име стојат 35 настапи во МЛС, со еден гол и пет асистенции – статистика што заслужува респект, особено ако се знае дека игра со само едно функционално око. Во светот на професионалниот фудбал каде што перфекцијата е императив, Минунгу е доказ дека карактерот и волјата победуваат и таму каде што телото попушта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×