АЕК се пласираше
во плеј-офот во Лигата на шампиони додека пак Динамо Загреб ќе игра во
плеј-офот во Лига Европа, во драмтичен реванш во Атина, шампинот на Грција се
избори за реми во 100. минута и тоа со голот на Хрватот Домагој Вида.
„Модрите“ и
нашиот Стефан Ристовски одиграа одлично, поведоа со голот на Шутало во
судиското надополнување на првиот дел, а Љубичиќ зголеми на 0-2 во 65. минута.
И кога се чинеше
дека Динамо Загреб ќе оди понатаму, Араухо намали на 1-2 во 92. минута и
го врати двомечот во егал.
Сепак драмата
продолжи длабоко во судиското надополнување кога АЕК доби пенал. Гарсија биеше
од белата точка, Ливаковиќ одбрани но Домагој Вида прв стигна до одбиената топка
и со глава погоди за 2-2 и огромна радост.
И додека сите на
стадионот се радуваа, Хрватот ги фрли во агонија своите сонародници и поранешен
клуб.
IK HOU VAN AEKpic.twitter.com/nRlz5XkrDk
— (@Goatruida) August 19, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.