Каков пресврт на Торино, Белоти со два гола за четири минути го сруши Милан (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан со празни раце се враќа од гостувањето кај Торино во последниот натпревар од 5. коло во Серија А. Криштоф Пјонтек е трагичар, а Андреа Белоти херој на вечерта.

Гостите поведоа во 18. минута од пенал, Пјонтек погоди од белата точка за 0-1. Полјакот сепак пропушти добра шанса по десетина минути игра во второто полувреме за да го дотолчи противникот.

Казната за ова стигна во 72. минута кога Белоти доби долга топка, се ослободи од Мусакио и силно биеше од врвот на шеснаесетникот. Донарума ја имаше топката на рака, но не ја скроти и таа заврши зад неговиот грб.

Во 76. минута следеше нова ерупција на стадионот. Донарума го одбрани ударот на Заза, но Белоти најдобро се снајде по одбиената топка и акробатски погоди за 2-1.

Во финишот од мечот се случуваше драма. Најпрво Кеси од неколку метри шутна високо преку голот, за потоа Заза да се најде очи во очи со Донарума и да се лизне во клучен момент.

Криштоф Пјонтек можеше да донесе бод во 95. минута, биеше од пет метри со глава, но Сиригу со одличен рефлекс го спречи Полјакот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани