Барселона е на чекор до големо засилување, бидејќи според англиските медиуми Ентони Гордон е многу блиску до преселба во каталонскиот гигант.
Во екот на најавите за трансферот, на Островот повторно се актуелизираа изјавите кои Гордон ги даде за Жозе Мурињо по натпреварот меѓу Њукасл и Бенфика во Лигата на шампионите. Англискиот офанзивец тогаш одигра одличен натпревар со гол и асистенција, а по средбата добил пофалби лично од португалскиот стратег.
„Ми кажа дека сум неверојатен и тоа многу ми значеше, бидејќи како дете Мурињо ми беше омилен тренер. Неговиот начин на водење натпревари секогаш ми се допаѓал, а посебно чувството на заедништво кое го создава во тимот. Секогаш има впечаток дека сите се против неговата екипа и токму тоа ги зближува играчите. За мене тоа беше огромен комплимент, бидејќи зборуваме за еден од најголемите тренери“, изјави Гордон.
Интересно би можело да биде ако најавите за враќање на Мурињо во Реал Мадрид навистина се реализираат, бидејќи тогаш Гордон и португалскиот стратег би се сретнувале во „Ел Класико“ уште од следната сезона.