Олимпик Марсеј со убедлива победа од 6-2 над Авр го презеде врвот на табелата во Лига 1, искористувајќи го киксот на ПСЖ. На „Велодром“ блескаше Мејсон Гринвуд кој постигна четири гола и го одигра најдобриот натпревар во дресот на францускиот клуб.
Гостите поведоа во 24. минута преку Кечта, но Гринвуд само дванаесет минути подоцна израмни и го најави својот спектакл. Во второто полувреме Англичанецот уште трипати ја затресе мрежата на Авр, а до крајот за Марсеј погодија и Ваз и Муриљо. Вториот гол за гостите го постигна Туре.
Марсеј со оваа победа се искачи на првото место на табелата, додека Авр остана во долниот дел со само една победа досега.
Во другите натпревари, Ница славеше против Лион со 3-2, а Монако и Анже ремизираа 1-1.