Каков малер за Манчестер јунајтед: Погба и Бруно Фернандеш се судриле на тренинг, двајцата се повредиле!

by
0 минути читање

Португалецот и Французинот покажаа одлично разбирање на теренот на последните натпревари на Манчестер јунајтед, фановите имаа големи очекувања во продолжението од сезоната и битката за местата кои водат во Лигата на шампиони, но вечерва пристигнаа лоши вести.

Мирор вели дека на денешниот тренинг дошол до случаен судар помеѓу Пол Погба и Бруно Фернандеш, односно Французинот налетал на Португалецот. Двајцата добиле третман од лекарскиот персонал и со поткривнување го напуштиле теренот.

Па тие се под знак прашалник за дуелот со Борнмут во сабота, а може да пропуштат и повеќе натпревари во зависност од тоа за колку сериозни повреди се работи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×