Репрезентацијата на Курасао стана вистински хит уште пред стартот на Светското првенство, но не поради резултатите, туку поради начинот на кој пристигна на натпреварите.
Додека најголем дел од селекциите користат луксузни и модерни автобуси, фудбалерите на Курасао беа забележани како се превезуваат со обичен школски автобус.
Необичната сцена брзо се прошири на социјалните мрежи и донесе дополнителни симпатии за дебитантот на Мундијалот.
За Курасао ова е историски прв настап на Светско првенство, а во групната фаза ќе се соочи со Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.
Old-school bus. No windows. Music playing. Curaçao‘s team bus arrival is unmatched. pic.twitter.com/mj1OuLKD0m
— Sports Illustrated FC (@SI_FootballClub) June 7, 2026