„Како врела шлаканица“ – Јирген Клоп потврди дека уште три месеци ќе биде без услугите на Луис Диаз

by
1 минути читање

Лоши вести за
„црвените“ во пресрет на продолжението од сезоната, Луис Диаз на подготовките во
ОАЕ се пожалил на болки во коленото, тестовите покажале дека мора да биде
направена нова операција, па Колумбиецот ќе паузира уште три месеци.

„Ова е големо
разочарување за сите нас. Почувствува нешто на еден од тренинзите, бевме
претпазливи и сакавме да се осигураме дека не е ништо страшно, но вестите кои ги
добивме беа како врела шлаканица“
– вели Јирген Клоп.

Луис Диаз се
повреди на почетокот од октомври на дуелот против Арсенал, па новите проблеми
ќе придонесат тој дури пет месеци да биде надвор од стројот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани