Моисес Каиседо од
Брајтон е една од топ трансфер целите на Челси ова лето, но „сините“ никако да
пронајдат заеднички јазик со „галабите“ и четири пати добија НЕ.
Првата понуда на
„сините“ изнесуваше 60 милиони фунти, следната беше 65 милиони, за третата да
достигне 70 милиони, но и таа да не биде доволна.
Пред почетокот на
летото, се веруваше дека ќе бидат потребни 80 милиони фунти за ангажман на
Моисес Каиседо, па четвртиот предлог на Челси ја достигна оваа бројка.
Сепак, Брајтон повторно
даде негативен одговор, а причина е рекордниот трансфер на Деклан Рајс во
Арсенал.
„Галебите“
сметаат дека Моисес Каиседо е на исто ниво со Деклан Рјас, па сега бараат најмалку
100 милиони фунти за да го продадат Еквадорецот.
Но работите можат
да се променат во следните недели, Тајмс вели дека самиот играч полека станува фрустриран
и бара средба со раководството на Брајтон со цел да се намали сумата од 100
милиони фунти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.