408
Шпанија е
последната репрезентација која обезбеди настап на Ф4 турнирот во Лигата на нации,
„црвената фурија“ со голот на Алваро Мората во 88. минута стигна до победа на
гостувањето кај Португалија и првото место во групата.
По последниот
свиреж на судијата, гостите тргнаа да се радуваат а Кристијано Роналдо во неверица
мафташе со главата.
Напаѓачот потоа
ја извади капитенската лената и ја фрли, слика која се повторува во последните
години кога резултатите не одат по планот.