Португалецот
креираше бура на средината од минатиот месец кога на дуелот против Тотнем не го
дочека последниот свиреж на судијата и нервозно се упати во соблекувалната.
Подоцна беше
обелоденето дека Кристијано Роналдо одбил да влезе во игра, па како казна,
неколку дена не беше дел од тимот и го прескокна натпреварот против Челси.
„Да бидам искрен,
никогаш не сум имал проблеми со ниту еден клуб, со ниту еден тренер. И бев
суспендиран на три дена, мислам дека беше многу. Би рекол срамно“ – вели Кристијано
Роналдо.
„Паметам кога се
вратив дома и Кристијано јуниор ме праша, „Тато зарем нема да играш?“. Му одговорив,
„Не, клубот ме казни на три дена.“ А тој се насмевна и рече, „Каква е таа казна
кога ти си најдобриот фудбалер во светот и нема да играш?““
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.