Како ништо да не се случува во Барса: Меси главен лик на постерот за промоција и продажба на дресови (ФОТО)

by
1 минути читање

Барселона е во
војна со првата ѕвезда Лео Меси, Аргентинецот сака да замине и не се појави на тренинг на стартот на подготовките, но клубот се
однесува како ништо да не се случува. Денеска започна кампања за продажба на новите
дресови со кои ќе играат во сезоната 2020/21, а на промоцијата главен лик е токму
напаѓачот.

Лео Меси е во
преден план на постерот, заедно со Жерард Пике, Марк Андре тер Штеген, Френки
Де Јонг, Осман Дембеле и Антоан Гризман.

Според Кадена
Сер, не случајно Лео Меси е главен лик на промоцијата, претседателот Жозеп
Мариа Бартомеу дал директна наредба. Тој денеска треба да се сретне со таткото
на фудбалерот и ова всушност е порака меѓу редови за Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×