Како ќе се решава титулата во Премиерлигата, дали Арсенал и Манчестер Сити можат да играат плеј-оф?

by bojan
3 минути читање
Арсенал

Новиот шампион на Англија ќе се одлучи во последното коло, неколку сценарија се во игра, може да решава гол разликата, или бројот на постигнати голови, но дефинитивно нема да гледаме плеј-оф натпревар.

Арсенал синоќа со 0-1 славеше на гостувањето кај Манчестер Сити, „топчиите“ се вратија на врвот на табелата, па титулата во Премиерлигата ќе се решава во последното коло.

Манчестер Сити и понатаму има се во свои раце, доколку „граѓаните“ утре победат на натпреварот против Тотнем, со триумф над Вест Хем ќе го одбранат шампионскиот наслов.

За Арсенал да биде шампион, „топчиите“ мораат да го совладаат Евертон во последното коло и да се надеваат на кикс на Манчестер Сити. Секако има и комбинации каде Арсенал и со пораз или реми може да стане шампион, но тогаш „граѓаните“ ќе треба да не освојат ниту еден, или да освојат само бод од своите два натпревари.

Има и три сценарија во кои двете екипи ќе ја завршат сезоната со ист број на бодови па гол разликата да го донесе новиот шампион на Англија.

Едно сценарио е Арсенал и Манчестер Сити да ја завршат сезоната со 89 бодови, односно Арсенал да го совлада Евертон, а Манчестер Сити да освои четири бода од пресметките против Тотнем и Вест Хем.

Второ сценарио е двете екипа да завршат со 87 бода, односно Арсенал да игра нерешено против Евертон, а Манчестер Сити да ремизира и против Тотнем и против Вест Хем.

Третото сценарио е „топчиите“ и „граѓаните“ да ја завршат сезоната со 86 поени, односно Арсенал да изгуби од Евертон, а Манчестер Сити да освои само бод во пресметките со Тотнем и Вест Хем.

Арсенал во моментов има +3 кога е во прашање гол разликата.

Што се однесува до можноста да има плеј-оф натпревар за титулата во Премиерлигата, ова сценарио не може да се случи.

Доколку Арсенал и Манчестер Сити ја завршат сезоната со ист број на бодови и иста гол разлика, следен критериум е бројот на постигнати голови, а доколку се изедначени и во оваа статистика, следен критериум е меѓусебен дуел, а тука „топчиите“ се подобри откако победија со 1-0 на домашен терен, а реваншот на Етихад заврши со 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани