Како изгледаше Хари Кејн вчера, а како изгледа вечерва (ФОТО)

by bojan
2 минути читање

Хари Кејн конечно го освои првиот трофеј во својата кариера, напаѓачот знаеше како да го прослави.

Хари Кејн важи за еден од најдобрите голгетери на денешницата, има постигнато преку 450 погодоци, но никогаш во кариерата се немаше израдувано на трофеј.

Кога летото во 2024 се пресели на „Алианц Арена“, се очекуваше дека многу брзо ќе го подигне првиот пехар, но стана само поголема мета за мајтап откако Баер Леверкузен предводен од Чаби Алонсо имаше неверојатна сезона и без пораз стигнаа до титулата во Бундеслигата и Купот на Германија.

„Фармацевтите“ оваа сезона не можеа да го повторат подвигот, па беше само прашање на време кога Баерн Минхен ќе биде нов шампион.

„Баварците“ вчера ја имаа првата меч топка на гостувањето кај РБ Лајпциг, а малерозниот Хари Кејн беше суспендиран и според правилата, не смееше да се најде на теренот и да слави во случај на успех.

Но Фудбалската федерација на Германија реши да направи исклучок, и во завршните мигови од мечот, Англичанцот се симна долу покрај теренот. И кога се чекаше крај и почетокот на забавата, Поулсен погоди во 94. минута за 3-3 и го одложи славјето.

Сепак, 24 часа подоцна, Хари Кејн и соиграчите го отворија шампањското откако Баер Леверкузен одигра 2-2 против Фрајбург и ги загуби шансите за одбрана на тронот.

Англичанецот знаеше како да го прослави првиот трофеј и сподели неколку објави на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани