Двајцата играчи
прикажуваат добри партии во последно време, но и покрај тоа Зинедин Зидан има
доверба во други фудбалери, па Иско и Алваро Мората имаат само ограничена
минутажа.
За дуелот со
Виљареал во неделата, Шпанците одново не беа во стартниот состав и средбата на
Ел Мадригал ја започнаа од клупата за резеври.
Пред судијата да
означи почетокот на средбата, камерите на програмата „Ел Дија Деспуес“ ги
уловија Иско и Мората како се шегуваат за сопствената ситуација.
Еден фан од
трибините му дофрли нешто на Иско, веројатно за тоа што одново е на клупата, а
игачот одгвори: „Јас сум второ јадење”.
Мората веднаш ја
продолжи шегата и со насмевка на лицето додаде: „А јас сум десерт”.
За разлика од
дуелот со Валенсија и поразот на Местаља кога Иско и Мората не добија шанса,
Зинедин Зидан ги пушти на теренот против Виљареал.
Двајцата играчи
помогнаа Реал Мадрид да направи кам-бек, Мората го постигна победоносниот гол и
со глава ја затресе мрежата на домаќините за 2-3.
По натпреварот, Зинедин Зидан истакна дека Иско и Мората заслужуваат поголема минутажа, па останува да се види дали стратегот ќе направи промени во стартниот состав на следната средба.