Како Хари Мегваер реагираше кога го дозна новиот прекар по дриблингот со кои ги шокираше сите

by bojan
2 минути читање

Хари Мегваер со задоволство го прифати новиот прекар инспириран од Бразил откако изненади со дриблерските способности на десното крило против Атлетик Билбао во Лига Европа.

Манчестер јунајтед вчера со 0-3 славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао и направи значаен чекор кон финале во Лига Европа.

Хари Мегваер стана хит на социјалните мрежи откако често критикуваниот дефанзивец изненади со своите дриблерски способности на десното крило за првиот гол на „ѓаволите“.

Стоперот го „изврте“ својот чувар и упати одличен центаршут, па ги „запали“ навивачите и почна да добива прекари од типот на „Харидињо“.

„Брилијантно!“ – реагираше Англичанецот кога новинарите му открија што се пишува на социјалните мрежи.

„Беше забавно да се дрибла по десното крило и да се упати добар центаршут. Имаше многу играчи во шеснаесетникот, очигледно верувале дека ќе испратам добра топка. На крајот Касемиро одлично реагираше со глава и ја затресе мрежата“.

И тренерот на Манчестер јунајтед беше импресиониран од потегот на Хари Мегваер.

„Тој е одлично крило!“ – рече Рубен Аморим. „Прави многу корисни работи за тимот, треба сите да уживаме во овој натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани