Како дојде, така сака и да си замине: Адвокатите на Депај ја известиле Барса дека бараат одврзани раце за трансфер

by
1 минути читање

„Каталонците“ го
известија Мемфис Депај дека за него нема место во тимот и треба да си ги
спакува куферите.

Минатата недела
се пишуваше дека Холанѓанецот нема намера да замине од Камп Ноу, но последните
информации велат дека тој ја прифатил реалноста дека нема да има минутажа и
најдобро е да се пресели во друг клуб.

Сепак за да го стори
тоа, Мемфис Депај преку своите адвокати побарал одврзани раце за трансфер,
односно да замине беспари со оглед на тоа дека пристигна беспари на Камп Ноу.

Барселона во
моментов нема намера да му ја исполни оваа желба со оглед на тоа дека неколку
клубови пројавуваат сериозен интерес и „каталонците“ веруваат дека можат да добијат
20 милиони евра.

Едно од
сценаријата кои тие ги предложуваат е Мемфис Депај да стави потпис на нов
договор до јуни 2024 година и да биде испратен на позајмица во Јувентус,
„старата дама“ исто така ќе превземе обврска во целост да го купи напаѓачот во
2023 година за 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани