115
Откако ја заврши тренерската кариера, поранешниот легендарен напаѓач на Холандија и Милан, Марко ван Бастен стана технички директор на ФИФА.
Ван Бастен беше еден од главните зад промената на бројот на учесници на Светското првенство од 32 на 48, но неговите идеи не запираат тука.
Холанѓанецот има листа на промени кои сака да се воведат, на неа е и укинување на правилото за офсајд.
„Многу сум љубопитен како ќе изгледа фудбалот без офсајд. Стратувам дека многу луѓе ќе бидат против овој предлог“ – изјави Ван Бастен.
Правилото офсајд е можеби најважното фудбалско правило и без него играта би добила сосема нова димензија.
Во Германија беше направен експеримент, како би изгледал фудбалот без офсајд.