Како Барселона одговори на трансферот на Мбапе во Реал Мадрид (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Барселона

Првиот човек на Барса, Жоан Лапорта вели дека ја преферира нивната фолозофија и промовирање на таленти од школата, како одоговор на трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Реал Мадрид сигурно го реализираше најголемиот трансфер ова лето, успеа да го ангажира Килијан Мбапе, и тоа беспари.

Па Жоан Лапорта беше запрашан што мисли за „бомбата“ која ја детонираша нивниот лут ривал.

„Како обичен навивач, ова не се добри вести. Но јас ја префериарм нашата филозофија, да го градиме тимот со играчи од школата. Ја почитувам работата на нашите ривали, но цврсто стојам зад нашата филозофија“ – рече претседателот на Барселона.

„Каталонците“ исто така на социјалните мрежи објавија видео со најголемите играчи кои скокнаа од популарната Ла Масиа во првиот тим изминативе години, како Гави, Јамал, Балде, Фермин Лопес, Пау Кубарси и Фонт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани