Како гостини во
емисијата на БеИН Спортс, Кака се пожали од односнот на Бразилците кон
националниот тим, смета дека „кариоките“ не добиваат соодветна поддршка и
признание.
„Изгледа чудно
ова што ќе го кажам, но многу Бразилци не го поддржуваат Бразил. Доколку сега
помине Роналдо тука, сите ќе речат „Леле“. Тука ќе го гледаат поинаку. Во Бразил, тој е само
дебел човек кој оди по улица. Секако, многу Бразилци го обожаваат Роналдо, јас
го сакам Роналдо, но начинот на кој е почитуван во Бразил и странство е многу различен,
мислам дека повеќе е ценет во странство отколку во Бразил“ – вели Кака.
„Во моментов,
многу луѓе во Бразил говорат за Нејмар, но во негативна конотација. Можеби е
поради политиката, но понекогаш ние Бразилците не ги цениме доволно нашите
таленти“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.