Кадиз се распадна по драмата на трибините, убедлива победа на Барселона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона со три бода си замина од „Нуево Мирандиља“ во натпревар на кој имаше драма на трибините, навивач доживеа срцев удар и докторите се бореа за неговиот живот.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Френки де Јонг го отвори резултатот во 55. минута, Холанѓанецот начека една одбиена топка и реализираше за 0-1.

Десет минути подоцна, Левандовски искористи една мешаница и погоди за 0-2.

Во 81. минута, натпреварот беше прекинат поради интервенција на лекарските екипи на трибините, играчите беа испратени во соблекувална и натпреварот продолжи во 21:05 часот.

По драмата на трибините, Кадиз се распадна, па до крајот Барса погоди уште два пати.

Ансу Фати рутински заврши по асистенција на Левандовски за 0-3, за во судиското надополнување, Дембеле да погоди од врвот на шеснаесетникот за 0-4.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×