Кадена СЕР: Барса има план Б доколку Де Јонг одбие да замине, ќе го продаде Тер Штеген

by
1 минути читање

Со продажба на 25%
од ТВ правата, Барселона собра средства за да си ја подобри финансиската
состојба и да има пари за засилувања, но тоа не е доволно за да се задоволат
правилата за финансиски фер плеј на Ла Лига и да се регистрираат новите играчи.

Па „каталонците“ треба да донесат нови пари во касата, односно да продадат дел од имотот или да продадат фудбалери.

Френки де Јонг е
решение на проблемите, Холанѓанецот ќе донесе солидна сума (до 85 милиони евра),
а плус ќе отвори и голем простор во сметката за плати со оглед на тоа дека е
еден од играчите со најголеми примања.

Но фудбалерот од
средниот ред не сака да замине од Камп Ноу, ниту пак прифаќа намалување
на платата.

Па како што
пренесува Кадена СЕР, Барселона работи на план Б и раководството на клубот
размислува за продажба на Марк Андре тер Штеген.

Германецот исто
така може да донесе солидна сума и да ослободи простор во сметката за плати. Додатно, неговите перформанси не се на нивото од пред неколку години, па Барселона
повеќе не го гледа голманот како недопирлив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани