Кабак имаше деби за заборав, Алисон повторно киксираше, Ливерпул се распадна за 7 минути (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лестер по речиси четири години се радува на победа над Ливерпул на домашен терен. Домаќините имаа негатива, но во финишот ја искористија лошата игра на гостите во одбрана и дури три пати ја тресеа мрежата во период од 7 минути.

Двете екипи имаа свои шанси, но за првиот гол се чекаше дури до 67. минута, кога Фирмино атрактивно остави за Салах, а Египјанецот од место прецизно пласираше за 0-1.

Десетина минути подоцна Мадисон изедначи на 1-1. Анличанецот изведе слободен удар од работ на шеснесетникот, сите ја промашија топката и таа заврши во мрежата. Во прв момент беше кренато знаменцето за офсајд, но со ВАР голот беше потврден.

Потоа следуваше едно недоразбирање помеѓу Кабак и Алинсон, двајцата се судрија надвор од шеснаесетникот и му овозможија на Варди да погоди за 2-1 во 81. минута.

Во 85. минута, Кабак забрави на својот играч, Барнс доби топка во фор и го матираше Алисон за 3-1 и огромна радост на Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×